Ромео и Јулија ќе го затвори третото издание на Шекспир фестивалот

0
2117

На третото издание на Шекспир фестивалот кој започна на 22 ри јули, гостуваа реномирани театри кои го негуваат творештвото на големиот Вилијам Шекспир и тоа- Народно позориште од Сомбор, Србија, театарот Лит Мун од Санта Барбара, САД, актерот Ги Сонен од Холандија го изведе перформансот „Сонет за сонет 116“ а учествуваа и двата македонски театри – Турскиот театар-Скопје и домаќинот-Народниот театар-Битола со чија претстава се отвори фестивалот.

Официјално претставата која ќе го затвори овогодинешното издание е претставата Ромео и Јулија на Драмскиот театар од Габрово, Бугарија.

Овој театар во последните 3 години се презентираше како еден од најпровокативните и најистакнати театарски центри во Бугарија.

Режисерот Џон Блондејл, го истакна задоволството што повторно имаше можност да работи со екипата на битолскиот театар, да гостува на овој фестивал за кој истакна дека од година во година е се подобар.

Валентин Светозарев истакна дека битолскиот театар завзема значајно место на светската театарска сцена во кој во моментов, се играат три претстави на Шекспир .

Претставата од Бугарија ги поставува прашањата -какви се сите секојдневни драми, драмите за суштествувањето, за постоењето, за зависта, за мирот. Какви се забраните и сите слободи во различните држави и кралства.

Свеченото затварање на фестивалот е со почеток од 20 часот.