Ромите незадоволни од здравствената заштита

0
498

Дискриминација во третманот на пациентите, неможност за плаќање на потребните здравствени услуги, оддалеченост на здравствените установи, недоволни знаења во однос на нивните здравствени права, како и недостаток на информации помеѓу здравствените работници за посебните потреби и навики што Ромите ги имаат кога пристапуваат кон здравствените услуги, се низа бариери со кои се соочува ромското население во однос на пристапот до здравствените услуги.

-Пристапот до здравствени услуги на ромската заедница во континуитет , поточно веќе 6 та година по ред е оневозможен и во најголем дел е повредено правото на здравје. Во 6 случаи се повредени правата на здравствена заштита на ромите и за сите тие случаи се ангажирани адвокати.Во соработка со ОЈО се поведени кривични постапки, исто така е поднесена и тужба за надомест на штетата, во кој што се обидуваме да покажеме дека ромите се дискриминирани во пристап до здравствени услуги и да побараме одговорност од највисоките истанци за ваквите случаи, изјави Несиме Селиоска Здружение Рома SOS

Ромскиот Граѓански Парламент” беше информиран за прогресот при имплементација на проектот “Здравјето на Ромите – основно човеково право 6” за периодот од 24.12.2015 до 24.03.2016 година, ги дефинираше наредните чекори при застапување на случаите под сомневање за сторени лекарски грешки, и истовремено одговори на прашањето дали секој има право да прави што сака во заедницата.

-Идеата со Ромскиот Граѓански Парламент е да се даде поддршка на ваквите случаеви, бидејќи се покажа дека пристапот на правдата на овие случаеви е бавен и во контекст на тоа ќе се залагаме во иднина да обезбедиме поголема поддршка на овие семејства и да овозможиме пристапот до правда во што е можно пократок рок,. Денешната средба е да се презентира нов концепт во работата на НО а тоа е заложбата за заштита на колективните права на ромите и тоа преку формирање на една организирана група наречена Ромски Граѓански Парламент, додаде Селиоска

Во Република Македонија живеат 53 879 припадници на ромската етничка заедница, што претставува 2,66% од вкупната популација

Без коментари

LEAVE A REPLY