Ромските азиланти не претставуваат проблем за визната либерализација на земјата

0
1281

Во Македонија не се само Ромите кои мигрираат во Западните земји, туку мигрираат Македонци од сите националности. Ромските азиланти не претставуваат проблем за визната либерализација на земјата, смета министерот без ресор Неждет Мустафа

Мене ми е тешко кога ќе слушнам дека голем проблем се Ромите во Р.Македонија и за западните држави , демек Ромите се тие кои што го злоупотребуваат визниот режим. Ние сме свесни дека во целиот Балкан владеат силни социјални реформии дека Западот особено ако се во прашање Ромите треба социјалната миграција да ја следи од друг аспект, социјално да им се помогне на луѓето“, изјави министерот Неждет Мустафа министер без ресор Неждет Мустафа.

Сиромаштијата е проблем со кој што се соочува Ромската Заедница ,Мустафа

Ромите ако одат во некоја од западните држави било кој капитал и приходи да соберат веднаш доаѓаат назад и од тој мизарен сипстандард , каде што живеат без прозори и врати, да донесат некој денар тука и повторно тука да инвестираат . Јас не го гледам ова толку трагично доколку има некоја социјална миграција. Миграцијата е еден примерен тек на социјално ранливете групи во целиот Балкан и Југоисточна Европа и не би сакал да му се дава некоја димензија што го оптеретува Западот со миграцијата на Ромите

Според податоците на Еуростат, во последните пет квартали се бележи постојан пораст на барателите на азил од земјава. Ако оваа бројка во април, мај и јуни минатата година изнесувала 1.195 лица, само една година подоцна е повеќе од двојно повисока односно за само три месеци азил побарале вкупно 2.640 Македонци. Загрижувачките податоци на европскта статистика покажуваат дека ова претставува раст од 22 отсто во споредба со првите три месеци од оваа година, односно зголемување од 121 отсто во споредба со истиот период лани. Околу 85 отсто од Македонците бараат азил во Германија, а потоа следуваат Австрија и Шведска.

Со овие бројки, Македонија е на 16-то место на листата земји од кои доаѓаат најмногу барања за азил во Европската Унија. Листата ја предводат Сирија, Авганистан и Албанија, од каде потекнуваат 42 отсто од барателите на азил.