„Роналд Реган“ плови кон Кореја

0
312

Воената морнарица на САД почна со дислокација на носачот на авиони „Роналд Реган” кон Корејскиот полуостров, поради новото влошување на ситуацијата во регионот, пренесува Си-ен-ен.

Спутник потсетува дека до новото заострување на односите дошло кога е лансирана севернокорејската балистичка ракета.

Според нивните податоци, „Роналд Реган“ ќе изведе воени вежби со другиот американски носач на авиони „Карл Винсон“ во тој регион.

Северна Кореја во неделата изврши уште еден во низата тестови на ракети. Следниот ден, официјално потврди дека успешно е тестирана балистичка ракета со среден дострел.

Таа леташе 30 минути, пролетувајќи 800 километри и падна во јапонското море, надвор од економската зона на Јапонија. За прв пат достигна висина од 2.000 километри, потсетува Спутник.