Роналдо е подготвен да игра

0
630

Зинедин Зидан вели дека е импресиониран од физичката подготвеност на Кристијано Роналдо, Португалецот со неколку дена тренинг веќе е во топ форма.

Португалецот доби продолжен одмор и дури пред два дена почна да тренира со полна пареа и со преостанатиот дел од тимот.

Неговото вклучување во составот на еврсопкиот шампион беше мало изненадување, бидејќи се врати од одмор пред само два дена, но Зидан вели дека Португалецот е подготвен исто како што бил подготвен за финалето на Лигата на шампиони.

„Тој е релаксиран. Она што најмногу ме импресионираше е што тој е физички подготвен исто како денот на финалето на Лигата на шампиони. Мене само тоа ме интересира, неговата физичка подготвеност. Тоа што Роналдо дојде со нас, значи дека е спремен да игра. Сепак, ќе видиме дали ќе игра или не“, кажа Зидан попладнево на прес-конферецијата на стадионот „Филип Втори“.

Без коментари