Роналдо на мајка си и купи автомобил од 56.000 евра

0
561

Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо на својата мајка за роденден и купил автомобил вреден 56.000 евра. Долорес Авеиро го прославила роденденот на 31 декември, а нејзиниот син и подарил скапоцен авомобил – „порше бокстер“.

Мајката на Роналдо со новиот автомобил се пофалила на Инстаграм каде напишала дека тоа и е подарок од синот.

– Роденденски подарок од синот – напишала Долорес покрај фотографијата.

Инаку, таков автомобил во основната верзија чини 56.000 евра.