Роналдо пристигна во Скопје

0
634

И покрај најавите дека најдобриот фудбалер на Реал Мадрид нема да игра на Супер купот во Скопје, сепак, Кристијано Роналдо се најде во составот на Зинадин Зидан и заедно со својот тим слета на скопскиот аеродром.

Ѕвездата на мадридски Реал имаше продолжен одмор поради настапот за својата држава на Купот на Конфедерации. Тој почна да тренира пред само два дена, но сепак се најде во составот за утрешниот натпревар кој беше објавен денеска.

Во составот кој денес ќе допатува во Скопје се наоѓаат: Навас, Касилја, Лука – голмани; Карвахал, Валјеро, Рамос, Варан, Начо, Марсело, Тео, Ахраф – одбрана; Крос, Модриќ, Касемиро, Маркос, Асенсио, Иско, Ковачиќ, Себалос – среден ред; Кристијано Роналдо, Бејл, Бензема, Лукас, Мајорал – напад. Тренер: Зинедин Зидан.

 

Без коментари