Рубин е следниот на листата на Работнички

0
444

Единствениот преостанат македонски фудбалски клуб во европските натпреварувања Работнички ја доби за противник руската екипа Рубин Казан во плеј офот за место од Лигата на Европа. Станува збор за исклучително силен противник, кој има настапувано во групната фаза од Лигата на шампиони. Рубин во 2008 и 2009 година беше шампион во силната лига на Русија. Првиот натпревар ќе се игра во Скопје на 20 август, а реваншот е закажан за седум дена подоцна во Казан. Работнички со самиот пласман во четвртата фаза од квалификациите за Лигата на Европа направи голем успех.

Без коментари

LEAVE A REPLY