Румен Радев е петтиот претседател на Бугарија

0
346

Румен Радев е шеф на државата и врховен командант на вооружените сили на Бугарија. Тој до неодамна беше командант на воено-воздушните сили, дипломирал на бугарско воено училиште како првенец во генерацијата, со одличен успех поминал и на воздухопловниот колеџ Максвел во САД како мајстор за „стратешки студии”. Генералот е признат воздушен ас, поздравен десетици илјади вљубеници во военото воздухопловство според покажаните вештини со Миг 29 на шоуто на ВВС во Софија.

Како командант Радев два пати најавил подготвеност да си замине од армијата поради разединувањата и недостаток на разбирање со министерот за одбрана Николај Ненчев. Првиот пат поднесе оставка поради „исклучително загрижувачката состојба во авијацијата, недостатокот на јасна, стабилна програма за нејзиниот развој и предложените измени во Законот за вооружените сили кои се однесуваат на заедничката заштита на воздушниот простор и најмногу, дека поради тоа што не можам да влијаам на процесите”. По состанокот со премиерот Бојко Борисов, командантот на воената авијација ја повлече својата оставка, а неколку дена потоа ја претстави својата визија за развој на авијацијата.

Во почетокот на август поднесе барање за пензионирање, повторно поради несогласувања со министерот за одбрана кој немаше слух за неговата стручност.

Во предизборната трка Радев испрати сериозни пораки поврзани со промени во националната безбедност, како и за независната надворешна политика на Бугарија. Тој вели дека Бугарија треба да се ослободи од својот сателитски синдром.