Русија бара САД да се воздржат од воена акција против Северна Кореја

0
194

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара од Соединетите држави да се воздржат од воена акција против Северна Кореја. Тој имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Претседателот Доналд Трамп деновиве повтори дека сите опции се на маса во одговорот на севернокорејските ракетни проби. Трамп вчера пак на Твитер порача дека „разговарањето не е одговор“ во справувањето со Пјонгјанг. Лавров, како што соопшти руското министерство за надворешни работи, му рекол на Тилерсон дека секаква американска воена акција против Северна Кореја ќе биде „полна со непредвидливи последици“.

www.slobodnaevropa.mk

Без коментари