Русија демантира: Не пукавме ние во куќата на малиот Омран

0
361

Од Министерството за одбрана на Русија денес демантираа дека извршиле воздушен напад врз источниот дел од сирискиот град Алепо каде беше направена сега веќе славната снимка од петгодишното момче Омран Дакниш кој прекриен со крв и прашина седи во амбулантно возило.

Руските авиони никогаш не бомбардирале цели во населени области. Таа и слични снимки и генерализираното известување на западните медиуми се цинична експлоатација на трагедијата во Алепо и пример за антируска кампања“, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана генералот Игор Конашенков.

Тој додаде и дека областа каде што била направена снимката на малиот Омран можеби воопшто не била бомбардирана бидејќи се гледа дека прозорците во заднината не се искршени.

„Ако и имало напади, пукано е од гасен цилиндар кој го користат терористите или хаосот го направила минофрлачка граната“, изјави портпаролот на руското министерство.