Русија е подготвена на Иран да му ги достави ракетните системи С-300

0
252

Русија е подготвена на Иран да му ги достави ракетните системи „земја-воздух“ со голем досега С-300 и да работи на укинување на санкциите против Техеран што е можно поскоро, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, цитиран од ДПА.

-Одлуката за испорака на системите е одобрена од рускиот претседател и од Горниот дом на Парламентот. Се разработуваат техничките аспекти на испораката, рече Рјабков пред новинарите во Москва.

Русија е целосно задоволна од нуклеарната спогодба со Иран, забележа тој во изјавата лиферувана од руските медиуми, додавајќи дека таа ќе биде спроведена, независно од тоа дали САД ќе ја поддржат.

Рјабков забележа дека САД треба да се откажат од плановите да го разместат противракетниот штит во источна Европа.