Русија е за сеопфатна истрага за уривањето на „Боингот“

0
203

Русија доследно се залага за сеопфатна, детална и независна истрага за уривањето на авионот на компанијата Malaysia Airlines над Украина на 17 јули 2014 година.

Ова во петокот вечерта го изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по разговорот со својот холандски колега Берт Кундерс, пренесоа руските медиуми.

Според соопштението на руското Министерство за надворешни работи, Лавров во разговорот се заложи за истрага во строга согласност со Резолуцијата 2166 на Советот за безбедностна ОН и со правилата на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство, пренесе ТАСС.

Руската агенцијата го пренесе и соопштението на холандското МНР, според кое Кундерс за разговорот со Лавров рекол дека не бил едноставен и дека „постојат многу разлики“.

„Сепак, ќе продолжиме да ги разгледуваме постоечките прашања“, рекол Кундерс. /крај/ 

 

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax