Русија ги евакуира своите граѓани од Египет

0
195

Русија денеска почна да испраќа празни авиони за да ги донесе безбедно дома своите граѓани кои се уште се во некои од одмаралиштата во Египет. Според Федералната служба за туризам, во Хургада, Шарам Ал Шеик, како и на други туристички дестинации во Египет, има околу 80 илјади руски државјани. Оттаму информираат дека тие ќе се враќаат по утврден план на летови за кои имаат карти и без багаж, додавајќи дека Русија не принудува никого да го прекине својот одмор во Египет.