Русија го проучува видеото со заканата на IS

0
233

Руските безбедносни служби го проучуваат видеото распространето од страна на екстремната терористичка држава Исламска држава во кои се закани за Русија, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, запрашан за коментар на видео заканата.

„Ги прочитав извештаите за тоа видео, но не успеав да го видам. Не сум запознаен со автентичноста на тоа материја, не ја знам веродостојноста на овие извори, но во секој случај тој материјал е предмет на разгледување од страна на нашите безбедносни служби“, одговорил Песков.

Претходно во четвртокот Исламската држава објави видео снимка на која ѝ се заканува на Русија со напади, коишто ќе се случат многу брзо.

Al hayat media centar, којшто го користи Исламската држава, на руски јазик објави видео снимка со закана „наскоро, многу наскоро, ќе тече крв во потоци“, објави разузнавачкиот интернет ресурс кој ги набљудува активностите на екстремните исламисти на интернет SITE.
Џихадистите поред две седмици во слична видео порака повикаа на напади во Русија и САД поради нападите на овие две земји на положбите на џихадистите во Сирија.

Руската армија од 30-ти септември води воздушна кампања против џихадистите Исламската држава и Џебхат ан-Нусра, по барање на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Од почетокот на кампањата досега руските борбени летала уништиле повеќе од две илјади цели на исламистите, според министерството за одбрана./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY