Русија го забрани увозот на цвеќе од Холандија

0
349

Русија го забрани увозот на декоративно цвеќе од Холандија, соопшти руското надзорно тело за хигиена Роселконадзор, тврдејќи дека на производите има присуство на карантински организми.

Роселконадзор препорача националните организации за хигиена на ЕУ да ја прекинат сертификацијата на сечено холандско цвеќе наменето за Русија, се вели во денешното соопштение.

Забраната привремено ќе влијае на целиот увоз на цвеќе од Холандија.

Русија препорача европските власти да се позанимаваат со извозот на Холандија за да избегнат привремена забрана на увоз во Русија од целата територија на ЕУ, вели Роселконадзор и додава дека холандските цвеќиња обично добиваат сертификати од Чешка, Словачка, Бугарија, Летонија, Литванија, Унгарија и Полска.

„Секоја пратка има сертификат од овие земји со кој се гарантира дека производите целосно ги исполнуваат здравствените и законските барања на Русија и на Евроазиската економска унија”, се вели во соопштението.

Сепак, според комисијата за следење на хигиената, над 300 од последните пратки на сечено цвеќе содржеле карантински организми, а 183 случаи од заразените пакети потекнуваат во Холандија.

 Европските власти треба да одржат итни технички консултации за решавање на овој проблем, рече Роселконадзор.

Без коментари

LEAVE A REPLY