Русија го запре проектот Турски тек, Турција ќе купува природен гас од Катар

0
376

Суспендирана е изградбата на Турски поток обајви рускиот министер за енергетика Алкесандар Новак. Ова е само една од серијата на економски санкции на официјална Москва кон Анкара, откако Турција го собори рускиот воен авион .

Преговорите за Турски поток се прекинати. Продолжуваат преговорите за изградба на нуклеарна електроцентрала во Турција -изјави Новак.

Тој додадава дека не очекува членките на ОПЕК да ги изменат квотите за производство на нафта на утрешната средба во Виена

Турција возврати со експресна реакција и го замени рускиот гас со катарскиот.Преелиминарниот турско-катарски договор е веќе склучен помеѓу државната турска корпорација за трговија со нафта и гас BOTAS и Катарската национална нафтена компанија Qatar Petroleum. Потписите се ставени за време на посетата на турскиот претседател Ердоган на Катар, кој допатува вчера во арапската држава, веднаш кога Reuters ги објави информаиите дека Турција би можело да го намали увозот на руски течен гас за 25% во следната година, поради политичките тензии.