Русија и Америка се договорија за Сирија

0
548

Светските и регионалните сили денеска во Виена разговараа за сирискиот мировен договор, додека светот се обидува да ги прифати терористичките напади во Париз како реалност.

Иако самиот падна во сенка заради нападите во Франција, светските сили се договорија до јануари следната година да се органиизраат преговори меѓу сириската влада и опозицијата.

Исто така е договорено во рок од 18 месеци да се формира транзициона влада, јавуваат светските медиуми.

Американскиот државен секретер Џон Кери соопшти дека учесниците на конференција посветена на војната во Сирија, се согласија дека треба да се интензивираат напорите за што поскоро ставање крај на воениот конфликт во оваа земја.

Сирискиот претседател Башар ал Асад како што рече тој, бил подготвен да учествува во преговоите.

Без коментари

LEAVE A REPLY