Русија и испраќа на Сирија напреден противоздушен ракетен систем

0
630

Русија и испраќа на Сирија напреден противоздушен ракетен систем во рамки на засилената воена поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, соопштија во петок двајца западни функционери и еден руски извор.

 

 

Западните функционери рекле дека со системот СА-22 ќе управуваат руски, а не сириски војници и дека системот сè уште не стигнал во Сирија.

 

„Тој систем е напредна верзија што ја користи Русија и со него би требало да управуваат Русите во Сирија“, рече еден од изворите, западен дипломат запознаен со сите проценки на американските и израелските разузнавачки служби.

 

Руски извор, близок до руската морнарица, рече дека тоа не е првпат Русија да го испраќа во Сирија системот СА-22, туку дека тоа го направила и во 2013 година