Русија и Кина против резолуција на ОН за примирје во Алепо

0
298

Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која се однесува на седумдневен прекин на огнот во сирискиот град Алепо.

Резолуцијата ја предложиле Египет, Нов Зеланд и Шпанија, а рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров претходно ја нарече контрапродуктивна.

Пред гласањето, руската делегација во ОН истакна дека ќе гласа против ваквиот документ и ги информираше членките на Советот за безбедност за таквата одлука.

Лавров кажа дека нацрт-резолуцијата е против онаа опција за која преговараат САД и Русија за Алепо.

„Имајќи ги предвид резултатите од претходните паузи, нема сомнеж дека десетдневен прекин на однот може да послужи само за прегрупирање на екстремистите и да го одложи ослободувањето на Алепо“, кажа Лавров.

http://www.mkd.mk/