Русија и Кина против САД околу Северна Кореа

0
244
People walks past a public TV screen broadcasting news of North Korea's launch of its second intercontinental ballistic missile which landed in the waters of Japan's economic zone (EEZ) in Tokyo Saturday, July 29, 2017. (AP Photo/Eugene Hoshiko)

Русија и Кина возвратија на критиките од Соединетите држави откако Вашингтон ги обвини дека не прават доволно за зауздување на севернокорејските нуклеарни амбиции. Пјонгјанг деновиве тестираше ракета која може да стигне до Соединетите држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп како реакција на ваквата активност на Твитер напиша дека бил многу разочаран од тоа што Кина не прави ништо да им помогне на Соединетите држави во казнувањето на Северна Кореа.

Веднаш на ова реагираше руското министерство за надворешни работи кое соопшти дека нема никаква основа целата одговорност за проблемот да им се префрла на Русија и Кина.

Со ист став се јави и кинескиот амбасадор во Обединетите нации Лиу Џиеји.

Без коментари