Русите им ги пореметија сметките на Англичаните

0
822

Во средбата од првото коло на Групата Б од европскиот фудбалски шампионат, вистинската спортска битка на теренот ги замени хулиганските безредија кои изминатите три дена го потресуваа француски Марсеј, во којашто Англија и Русија одиграа без победник 1-1, откако Русите и покрај доцното водство на Англичаните успеаја да изедначат во втората минута од судиското продолжување.

Откако првото полувреме мина со иницијатива на Гордиот Албион но без погодоци, Англичаните поведоа во 73 минута со голот на Ерик Дајер со гол од слободен удар, а Русите од пораз ги спаси капитенот Василиј Березуцкиј во на една минута пред истекот на триминутното судиско продолжување.

Младата репрезентација на Англија со големи мотиви за докажување уште еднаш не успеа да ја победи традицијата, односно да слави во првиот меч на некое големо натпреварувања, на коишто Русите уште имаат подобар скор во однос на Англичаните.