Русија испраќа конвој со помош за Македонија

0
315

Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека ќе испрати хуманитарен конвој за Македонија како помош на настраданите од поплавата во почетокот на август во Скопје, пишува Радио Слободна Европа. „Камиони на министерството се подготвени во центарот за спасување Ногинск во близина на Москва да ја испорачаат хуманитарната помош за македонското население. Станува збор за пет возила кои носат генератори за струја, пумпи и конзервирана храна“, соопштено е во Москва. Камионите наскоро ќе заминат во Македонија во согласност со барањето на македонските власти.