Русија испрати ракетен систем С-300 за одбрана на својата база во Сирија

0
238

Руското министерство за одбрана потврди денес дека во Сирија е испорачан руски противвоздушен ракетен систем С-300, пренесува Раша тудеј.

Според изјавата на портпаролот на министерството за одбрана генерал-мајорот Игор Конашенков, ракетниот систем бил испратен во Сирија за да ја штити морнаричката база во крајбрежниот град Тартус.

„Сириската Арапска Република доби противвоздушен ракетен систем С-300. Системот е треба да ја чува безбедноста на морнаричката база во Тартус и бродовите распоредни во крајбрежјето“, изјави Конашенков. „С-300 е чисто одбранбен систем и не престатвува закана за никого“.

Во меѓувреме, во Сирија состојбата е многу тешка, а Алепо и понатаму се наоѓа на удар на режимските сили помогнати од руското воздухопловство. САД соопштија дека го губат трпението и ги прекинаа преговорите со Русија за прекин на огнот, откако пропадна примирјето договорено на 9 септември.

„На сите им е при крај трпението со Русија“, изјави портапролот на Белата куќа Џош Ернест.

„Русија не ги почитува обврските што ги презема и не е во состојба да обезбеди прекин на режимските бомбардирања што беше предвидено со руско-американскиот договор“, се вели во соопштението на Стејт департментот. „Напротив, Русија и сирискиот режим одбраа да продолжат по воен пат“.

Без коментари

LEAVE A REPLY