Русија ја поддржува кандидатурата на Индија и Бразил за постојани членки на СБ на ОН

0
284

Русија ја поддржува кандидатурата на Индија и Бразил за постојани членки во Советот за безбедност на ОН и смета дека е потребно Африка, исто така, да има постојано присуство во овој орган, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според него, Советот за безбедност „ја има својата моќ и се што е потребно за во иднина да одигра централна улога во решавањето на меѓународните кризи“.

– Тој веќе беше реформиран. Бројот на членките во СБ се зголеми од 11 на 15, а сега се зборува за нов бран проширување, истакна Лавров пред јубилејното заседание на Генералното собрание на ОН по повод 70-годишнината од создавањето на светската организација.

– Ние го поддржуваме тој процес. Сметаме дека земјите од Азија, Африка и Латинска Америка не се доволно застапени во Советот за безбедност и затоа ја поддржуваме кандидатурата на Индија и Бразил за постојани членки, нагласи шефот на руската дипломатија.