Русија ќе ги интензивира нападите во Сирија

0
389

Русија соопшти дека ќе го зголеми интензитетот на воздушните напади во Сирија. Андреи Картаполов од министерството за одбрана изјави дека над 50 објјекти на Исламската држава биле цел на воздушните напади на Русија. Според него, околу 600 милитанти ги напуштиле своите позиции и се обиделе да избегаат во Европа. Тој нагласи и дека тие напуштале и реони под нивна контрола поради паника од нападите.