Русија ќе ‘заглави во мочуриште’ ако продолжи со нападите во Сирија

0
303

Американскиот претседател Барак Обама ја предупреди Русија дека нејзините воздушни удари во Сирија со којашто сака да го поддржи сирискиот претседател Башар ал-Асад само ќе придонесат да „заглави во мочуриштето“ од коешто тешко ќе може да се извлече.

„Русија и Иран со своите настојувања да го поддржат (сирискиот претседател Башар ал-)Асад само ќе заглават во мочуриште и тоа не ма да иде“, изјави американскиот претседател Барак Обама на прес-конференцијата во Белата куќа во петокот ноќта.

Русија воздушните удари во Сирија само ќе ја ослабат, смета Обама. Според него, Русија не прави разлика меѓу Исламската држава и синитската опозиција којашто Западот ја поддржува и ја нарекува„умерена“

„Оттаму руската политика ја тера умерената опозиција во илегала додека истовремено ја зајакнува Исламската држава. За Русија сите тие се терористи“, рече Обама додавајќи дека тоа е „рецепт за катастрофа“.

„Руските воздушни удари против умерената опозиција ќе бидат контрапродуктивни“, смета Обама, но според него можено е со Москва да се пронајде политичко решение, само доколку Русија признае дека Асад мора да замине од власта.

Русија, која е децениски партнер во регионот на Сирија, смета дека сирискиот претседател Асад треба да биде вклучен во преговорите за транзицијата на земјата и оти за неговата иднина треба да решаваат Сиријците. Западот се спротиставува на останувањето на останувањето на алавитот (шиит) Асад на власт и смета дека конфликтот кој избувна во март 2011 година и се претвори во меѓуконфесионален може да биде решен само со негово заминување. Меѓутоа, последните седмици, особено од европските сојузници на САД дојдоа помеки изјави, според кои сирискиот претседател треба да биде вклучен во преговорите за политичката транзиција на земјата, но потоа да замине од функцијата.

САД се цврсти во својот став дека проблемот на Сирија е Асад, „Проблемот е Асад и неговото насилство над сирискиот народ, тоа мора да биде прекинато“, истакна американскиот претседател чија земја од септември 2014 година врши воздушни удари во Сирија, но без дозвола или координација со официјален Дамаск.

Обама, исто така, истакна дека не сака сириската граѓанска војна да ја претвори во „индиректна“ војна меѓу Сад и Русија. „Тоа не е никакво натпреварување на суперсили“. Порача дека нема никаква дилема за хуманитарната катастрофа во Сирија, но дека од поранешните војни научил оти воениот ангажман на САД, во каков и да е обем, нема да ги реши политичките проблеми во некоја земја./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY