Русија може да размести дополнителни ракети во Калининград

0
139

Русија може да размести во Калининград дополнителен број од нејзините најнапредни ракети како одговор на американското воено присуство на Балтикот, јавуваат руските новински агенции, цитирајќи го шефот на парламентарната Комисија за одбрана Владимир Шаманов. Тој оцени дека стационирањето американска бригада во Полска е „забранета со меѓународните закони“. Станува збор за ракетните системи „Искандер“ кои имаат дострел над 500 километри и се многу прецизни. Тие можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.

www.slobodnaevropa.mk