Русија не ја дава круната, совладана Србија и финале утре со домаќинот

0
550

Русија – Србија 3:1 (25:23, 25:23, 21:25, 25:22)

Русија ќе биде утрешниот противник на Холандија во финалето на европското првенство за одбојкарки во Ротердам. И покрај жилавоста, Србија капитулираше пред високите Русинки во четири сета. Првиот сет беше целосно изедначен и на вториот технички тајм-аут, Србија отиде со +1. Но при 22:22 еден лош сервис на Рашиќ им го врати водството и психолошката предност, па Зариажко го заврши првиот сет со 25:23 за европскиот првак. И вториот сет започна изедначено, но далеку подобриот руски блок брзо го донесе одлепувањето (12:8). Но Србинките го подигнаа нивото на игра и преку Стевановиќ и Николиќ, како и во првиот сет дојдоа до 15:16 на вториот принуден одмор. Но играта на мрежа им беше далеку подобар адут на Русинките и Љубушкина и Косианенко по исто сценарио го освоија и вториот сет (25:23). На „крилата“ на Маја Огњеновиќ, Србија многу помотивирано го почна третиот сет и го принуди Маричев два пати да побара тајм-аут (6:10). Играта на девојките на Терзиќ се подигаше и без треперење Србија водена од Јелена Николиќ и Тијана Бошковиќ побегна на +9. Иако стигнаа до 21:24, Русинките сепак немаа сила за уште поголем пресврт (1:2). Но по заспаноста во третиот сет, фаворитот брзо се врати на ритамот од почетокот на мечот и Старцева го предводеше позитивниот период, кога „зборнаја“ од 3:3 отиде на 8:3 во четвртиот сет. Терзиќ мораше пак да бара тајм-аут, но по смечот на Обмочаева веќе беше 11:4. По грешката на Милена Рашиќ, Русија замина со 16:10 на вториот технички тајм-аут во четвртиот сет. Толку беше евидентно дека блокот ја прави разликата, што селекцијата на Србија немаше никаков лек против двојниот или тројниот руски блок (18:11). На крајот четвртиот сет најлесно го освоија девојките на Маричев со 25:22 и го обезбедија мечот за зла.тото. Во малото финале утре од 14:30 часот Србија ќе игра со Турција, а во 17:30 часот е закажано финалето помеѓу Русија и Холандија.

Без коментари

LEAVE A REPLY