Русија од Медитеранот испали ракети врз цели на Исламска држава

0
809

Од руските бродови „Адмирал Есен“, „Адмирал Григоровиќ“ и подморницата „Краснодар“ е извршен ракетен напад на цели на Исламска држава во сириската покраина Хама. Во нападот уништени се командни положби, како и магацини со оружје и муниција. Шест крстосувачки ракети се испалени од два брода и подморница врз цели на екстремистите во Хама.

Милитантите кои го преживеале нападот подоцна се убиени во воздушни напади. Русија ги предупредила Турција и Израел за нападите преку воени линии. Во текот на минатата недела, милитантите од ИД направија неколку обиди да побегнат од опколениот град Рака и да се насочат кон Палмира користејќи го „јужниот коридор“, кон руската војска.

Претходно, истите воени бродови испалија четири крстосувачки ракети кои погодија борбени возила и милитанти надвор од Палмира.

http://makfax.com.mk