Русија плаќала медиуми во Македонија да шират пропаганда

0
708

Британскиот весник „“Гардијан“ објави документи од разузнувачки служби според кои руските дипломати и шпиони речиси десет години ширеле пропаганда и предизвикувале несогласувања во Македонија. Документите сугерираат дека Москва се обидувала да го зголеми своето влијание во сите земји од бивша Југославија за да ги оддалечи од НАТО и од западното влијание.

Гардијан документите ги обезбедил од меѓународната истражувачка мрежа Проект за известување за организиран криминал и корупција, кои  открија големи финансиски афери во светот последните години.

Руските и српските напори да ја оддалечат Македонија далеку од Западот придонеле, според документите, за долготрајната политичка криза во нашата земја.