Русија прогласи прекин на огнот во Алепо

0
231

Руското министерство за одбрана објави 48 часовен прекин на огнот во сирискиот град Алепо. До ова дојде откако американскиот државен секретар Џон Кери гипредупреди Русија и сирискиот режим дека се намалува американското трпение и оти тие мора да го почитуваат примирјето постигнато во февруари годинава. Русија ги обвини припадниците на Фронтот Ал Нусра дека ги продолжувале нападите. Американскиот Стејт департмент потврди дека сириските страни се согласиле да ги прекинат непријателствата во Алепо.