Русија распоредува сили на границата кон Запад

0
209

Русија го зголемува военото присуство на нејзината западна граница како одговор на зголемувањето на НАТО силите во Европа, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на прес конференција во белорускиот главен град Минск. „НАТО акциите ја поткопуваат стратегиската стабилност и ја принудуваат Русија да преземе контра мерки за одбрана“, рече тој, оценувајќи дека „жариштата на тензиите се приближуваат кон руските граници“. НАТО како одговор на зголемувањето на рускиот воен потенцијал, најави дека ќе испрати 4 илјади војници во балтичките земји.

http://www.slobodnaevropa.mk