Русија распоредува воени бродови крај Крим

0
237

Воените бродови на руската Црноморска флота заземаа позиции на западниот кримски брег во рамките на поддршка на воздухопловните одбранбени сили како одговор на почетокот на украинското истрелување на проектили во близината, соопштено е во четвртокот во Москва.

Киев го започна дводневното пробно истрелување проектили во четвртокот што предизвика остра реакција од Москва, која ги стави своите воздухопловни одбранбени сили на највисок степен на подготвеност, велејќи дека се надева оти „киевските воени игри“ нема да ги нарушат меѓународните летови.

„Воените бродови на Црноморската флота … заземаа позиции крај западниот брег на Крим во текот на траењето на планираното украинското пробно истрелување на проектили на 1-ви и 2-ри декември“, изјавил за агенцијата РИА воен извор од Крим.

„Протививоздушната одбрана на бродовите е ставена на највисок степен на приправност, Нивната опрема е проектирана во прв ред да потопат тешки противбродски проектили и крстосувачки ракети. Заедно со копнените единици од противвоздушната одбрана сместени на полуостровот, бродовите создадоа практично непробоен штит против непријателските ракети“, додал соговорникот.

Руските експерти притоа потсетуваат на трагедијата од 2001 година со рускиот патнички авион кога украинските противвоздушни сили со употреба на ракетен систем С-200 го соборија над Црното Море авионот „Ту-154“ на летот од Тел Авив за Новосибирск, во кој загинаа 78 патници и членови на екипажот, а од 66-те патници повеќето беа Израелци.

Володимир Крижановски, украински воен функционер, претходно во четвртокот за украинската телевизија Канал 112, изјави дека вежбите започнале и оти течат според очекуваното.

„Тестирањата се водат во согласност со меѓународното право… Се одвиваат најмалку 30 километри од кримскиот воздушен простор. Оттаму би било погрешно да ѝ се приговара на Украина“, изјави Крижановски./крај/мф/сн