Русија разместува тенкови во Сирија

0
473

Русија поставила седум тенкови на аеродромот кој служи како центар за трупање воена поддршка на режимот на Башар Ал Асад, тврдат двајца американски државни функционери и додаваат дека е нејасна целта на разместувањето на тешката воена опрема, јавува Фокс њуз.

Пентагон одбил да ги коментира тврдењата за руското „директно учество во воените операции“ за што прв јави Ерусалим пост повикувајќи се на западни дипломатски извори, но портпаролот сугерирал дека станува збор за воспоставување воздухопловна база за акции на линијата на фронтот.

„Ние видовме луѓе и опрема кои укажуваат дека тие базата јужно од Латакија планираат да ја користат како центар за воздушни операции“, изјави капетанот Џеф Дејвис на конференција за новинарите.