Русија се обидела да ја шпинионира кампањата на Макрон

0
195

Агенти од руските разузнавачки служби на почетокот на годината се обиделе да ја шпионираат изборната кампања на францускиот претседател Емануел Макрон така што отвориле лажни профили на Фејсбук, изјавија неименувани лица од американскиот Конгрес.

Тие тврдат дека биле отворени дваесетина лажни Фејсбук профили со цел да се следат претставниците на кампањата на Макрон и други негови соработници.

Фејсбук во април соопшти дека презел акција против лажни профили преку кои се шират дезинформации за изборите во Франција.

Русија повеќе пати демантираше дека се меша во изборите во Франција.

Без коментари