Русија станува светска сила, а ЕУ се руши

0
278

Американскиот милијардер Џорџ Сорос изјави дека гледа како Русија се претвора во светска сила, додека Европската унија се руши.

Сорос зборуваше во понеделникот на настан во Лондон, организиран од општествено-политичкото онлајн движење „Отворена Русија“ на Михаил Ходорковски, пишува руското електронско бизнисиздание РБК.

Според зборовите на Сорос, евентуален колапс на ЕУ би помогнал на Владимир Путин да се задржи на власт во Русија, бидејќи со распадот на заедницата би исчезнале барем дел од санкциите против федерацијата.

– Покрај тоа, Путин ќе може да добие значителни економски интереси во поделбата на Европа и да ги искористи врските со антиевропските партии, додава милијардерот.

Токму стремежот да го турне ЕУ кон крах ја диктира, според Сорос, политиката на Русија во Сирија – воените дејствија на Москва таму го засилуваат протокот на бегалци во Европа, додава РБК, пренесува Би-Би-Си.

– Ако Велика Британија ја напушти ЕУ, тоа ќе има многу јасен и непосреден ефект, кој ќе влијае на секое домаќинство – вредноста на фунтата ќе падне нагло, смета 85-годишниот магнат. Тој предвидува дека падот ќе биде од најмалку 15%.