Русија воведува визи за турските државјани

0
283

Русија ќе воведе виси за турските државјани, соопшти денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Од 1 јануари следната година, го запираме безвизниот режим меѓу Русија и Турција, рече Лавров, на прес- конференцијата по средбата со сирискиот министер за надворешни работи Валид ел Муалим.

– Тоа не е одмазда, заканата е реална, рече Лавров, додавајќи дека одлуката е донесена заради зачувување на безбедноста на Русија и руските граѓани.