Русите првпат го покажаа својот суперловец во акција

0
654

Руското министерство за одбрана неодамна објави прва официјална снимка од суперловецот од петтата генерација сухој Т-50 (развојно име ПАК ФА), во чест на Денот на авијацијата на руската војска, пренесува Бизнис инсајдер.

Новиот руски ловец-бомбардер, развиен во најголема тајност во рамки на модернизацијата на оружените сили на земјата, е замислен како конкуренција за ловците од петтата генерација Ф-22 раптор и Ф-35 џоинт страјк фајтер. Што се однесува до цената, тој навистина е. Еден авион чини 50 милиони долари, што го прави значително поевтин во однос на американскиот Ф-22 чија цена е 339 милиони, или пак Ф-35 кој чини 178 милиони (не сметајќи ги милијардите фрлени за неговиот развој).

Сепак, сухој Т-50 има и свои мани. Се верува дека моторот е наследен од моделот Су-35С кој е ловец од 4++ генерацијата, односно меѓу четвртата и петтата генерација, пишува Бизнис инсајдер.

Авионот е замислен да биде практично невидлив за противничките радари и сензори при операциите во воздушниот простор. Првиот успешен тест моделот го мина уште во 2010 година. се планира да стане рбетот на руската воена авијација на крајот на оваа или почетокот на следната година.

mkd.mk