Русите со „хируршка прецизност” ја уништија престолнината на ИСИС

0
316

Министерството за одбрана на Русија објави дека нивните борбени авиони со „хируршка прецизност” го уништиле седиштето на џихадистичката група на ИСИС во близина на градот Река.

Авионска бомба го елиминирала командантниот центар на џихадистите и нивното подземно складиште за експлозиви и муниција

„Во текот на изминатите 24 часа, борбените авиони Сухој Су-34 и Су-24M извршија 20 надлетувања и погодија девет цели на ИСИС”, изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Русија пред три дена започна воени операции против ИСИС во Сирија. Во воздушните напади во четвртокот во Река, загинаа 12 џихадисти.