Руска и Израелска хуманитарна помош за поплавените во скопско

0
239
Помош од Руската Федерација наменета за справување со последиците од поплавата во Скопскиот регион и за засилување на капацитетите на службите за кризно реагирање, ќе биде донирана денеска во Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија.
А, амбасадорот на Израел во Македонија, Дан Оријан и израелски експерти денеска и утре во Скопје ќе спроведат акции за помош на Македонија во борбата против последиците од големото невреме и поплавите кои го погодија Скопје минатиот месец.