Руска рампа на увоз на храна од Црна Гора и Албанија

0
596

Руското министерство за земојделие испрати владин предлог со листа на забранети производи за увоз од уште седум земји, меѓу кои се Црна Гора и Албанија.

Министерството за земјоделие го разгледало прашањето на листата на забранети производи. Не разгледувавме на кои земји би се однесувале забраните. Тоа е прашање за руската влада. Ние своите предлози ги испратиле на владата“, рекол еден претставник на министерства, наведува агенцијата Тас.

Заменик на рускиот премиер Аркадија Дворковиќ рекол дека владата ја разгледува листата на земји за кои ќе биде забранет увозот, пренесуваат агенциите.

„Активно го разгледуваме тоа прашање. Се подразбира дека сите кои ни воведоа санкции треба да се соочат со контрамерки, значи со ембарго на храна“, рекол Дворковиќ.

Рускиот премиер Медведев рекол дека минатата недела е можно да биде проширена листата на земји на кои Русија ќе им воведе ембарго на увозот.

Како што наведува руската агенција тој тоа го рекол бидејќи Црна Гора, Албанија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн, Украина, и Грузија одлучиле да ги продолжат санкциите кои Европската унија ги вовела на Русија.