Руска свадба на годината вредна милиони евра

0
1256

На свадбата на рускиот милијардер Михаил Гицеријев настапуваа некои од најпопулраните светски ѕвезди – Бионсе, Џенифер Лопез, Стинг, Енрике Иглесиас и Елтон Џон.

ruska-svadba-na-godinata-vredna-milijardi-evra-213266

Овој руски милијардер се наоѓа на 16-тото место на листата на најбогатите луѓе во Русија и сопственик на нафтената компанија „Руснјефт“.

Неговото богатство се проценува на 5,9 милијарди долари, така што веројатно не му било проблем за венчавката на синот Саид да издвои голема сума пари.

ruska-svadba-na-godinata-vredna-milijardi-evra-213265

Некои од странските медиуми наведуваат дека за тој настап Џенифер Лопез барала 5 милиони евра, а настапот на Елтон Џон чинел седум милиони евра.

Невестата носела венчаница украсена со дијаманти, тешка 12 килограми. Зградата била прекриена со цвеќиња, а листата на гости била импресивна.

ruska-svadba-na-godinata-vredna-milijardi-evra-213262

Салата во која се одржала венчавката била украсена со милиони рози и билки со цел да се создаде ефект на градина како од бајките.

ruska-svadba-na-godinata-vredna-milijardi-evra-213263

На свадбената церемонија присуствувале околу 600 гости, а свадбената торта била голема три и пол метри, пренесуваат руските медиуми. Ресторанот „Сафиса“ каде се одржуваше свадбената веселба, за оваа пригода бил комплетно украсен со цвеќиња, бидејќи семејството сакало просторот да наликува на рајска градина, што чинело повеќе од 200.000 долари.

Без коментари

LEAVE A REPLY