Руската армија најави тричасовно примирје секој ден во Алепо

0
608

Руската армија денеска објави дека секој ден по три часа нема да извршува воздушни напади во околината на Алепо со цел да гарантира целосна безбедност на хуманитарните конвои.

– Тоа ќе биде секој ден од 10 до 13 часот по локално време – изјави рускиот генерал Сергеј Рудској, началник на Главното оперативно одделение на Генералштабот на руските вооружени сили.

Прекинот на огнот ќе стапи во сила од утре.

Координаторот на Обединети нации за хуманитарна помош Стивен О’Брајан изјави дека тричасовниот прекин на огнот во Алепо, што го најави Русија, нема да биде доволен за да се достави доволно помош за граѓаните.