Руската влада ги потврди економските санкции против Турција

0
259

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев го потпиша декретот со кој се забранува увозот на храна од Турција, како и чартер летовите меѓу двете земи.

Овие мерки се дел од одговорот на соборувањето на рускиот авион од страна на турската војска пред една недела во Сирија.

Рускиот премиер Медведев го потпиша вчера декретот на владата со кој ѝ се воведуваат низа санкции на Турција поради соборувањето на рускиот авион, пренесува Ројтерс.

Споменатиот декрет, објавен на официјалната интернет страница на руската влада, содржи листа на земјоделски производи кои Русија од 1 јануари 2016 година повеќе нема да ги увезува од Турција, меѓу кои има овошје и зеленчук, како и производи од пилешко месо. На листата на санкционирани производи се наоѓаат и лимоните и оревите, кои Русија во огромни количества ги увезува од Турција.

Според усвоениот декрет на руската влада за специјалните економски мерки против Турција, гасоводот Турски тек и нуклеарната централа Акују не се на листата на санкции на официјална Москва против Анкара, пишува Ројтерс.

Русија е инаку третиот трговски партнер на Турција според обемот на трговската размена, покажуваат податоците за вториот квартал од оваа година. За Турција се особено важни руските туристи кои се 10 отсто од сите посетители на таа земја. За првите десет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристи.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY