Руски авиони уништиле сириски танкери со нафта на ИСИС упатени кон Турција

0
401

Конвој на Исламска држава составен од камиони полни со нафта бил целосно уништен по бомбардирањето од руски авиони, а на снимката се гледа дека од камионите не останало ништо освен запален метал, пишува Дејли мејл.

На снимката може да се види огромен пожар и црн чад што се крева кон небото. На терен се и пожарникари, кои се обидуваат да го смират огнот, но, како што се гледа на снимката, залудно. Снимката била направена во провинцијата Алепо.

Видеото од уништениот конвој со нафта на ИСИС доаѓа неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Турција дека тргува со Исламска држава, најавувајќи дека една од главните цели на руските авиони ќе бидат токму камионите на ИСИС што транспортираат нафта.