Руски бродови почнаа маневри во Средоземното море

0
291

Маневрите се реализираат во рамките на планот за борбена обука на руската Воена морнарица. Се наведува дека во текот на маневрите ќе биде проверена способноста на силите на морнарицата за решавање кризна ситуација од терористички карактер, пренесува РИА „Новости”.

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” заедно со бродовите од постојаната оперативна формација на руската морнарица во Средоземното море реализираат артилериски и ракетни гаѓања во услови кои максимално одговараат на воени услови, истакна рускиот воен ресор.

Малите ракетни бродови „Серпухов” и „Зелен Дол” се бродови од модернизираната серија „Бујан-М“, опремени со најнови крстосувачки ракети „Калибар“. Со ракетите од оваа класа бродовите на руската воена морнарица вршеа ефикасни напади врз објектите на „Исламската држава“ во Сирија во 2015 година.