Руски фотограф доби Пулицерова награда

0
535

Русинот Сергеј Пономарев благодарение на серијата фотографии за европската мигрантска криза во категоријата „Настани“ ја доби Пулицеровата награда за најдобра Breaking news фотографија, заедно со колегите фоторепортери од весникот „Њујорк Тајмс“.

Пономарев, Маурицио Лима, Тајлер Хикс и Данеил Етер се наградени „за серијата фотографии која ја покажува решителноста на бегалците“, пренесува нашето матично издание „Росијскаја газета“.

Пулицеровата награда за литература ја доби Виет Тан Нгујен за романот „Сочувствувачот“. За најдобра публицистичка статија наградата ја доби Џоби Ворик за „Црни знамиња: подемот на Исламската држава“.

Без коментари

LEAVE A REPLY