Руски концерт за Денот на Европа во Битола

0
568

По повод Денот на победата над фашизмот, Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот руски конзулат во Битола организира концерт кој е дел од низата настани за одбележување на 9 Мај. Концертот насловен „Еден ден на војната“ е со почеток од 19:30 часот на Широк Сокак .

-На концертот ќе настапат членови од здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“. Ќе имате можност да уживате во вокалните изведби на Александра и Стефанија Арсовски, рецитација на Гордица Величковска, а Ана Кондратенко на виолина и Викторија Митевска на клавир ќе настапат со музика од филмот „Шиндлерова листа“. На сцената на Широк Сокак во Битола ќе ја видиме и Викторија Лоба, како и театарскиот перформанс на Катина Иванова, Дарја Ризова и Благој Веселинов во режија на Нина Николиќ. Дел од овој настан е и здружението „Русичи“ кои се задолжени за изработка на симболот за Денот на победата, Георгиевската лентичка, изјави денеска Нина Николовска од Почесниот руски конзулат во Битола.