Руски новинар пронајден мртов во станот во Киев

0
229

Рускиот новинар Александар Шчетинин пронајден е мртов во неговиот стан во Киев, соопшти денеска украинската полиција.

Шчетинин бил пронајден на терасата со прострелна рана во главата, а се претпоставува дека смртта настапила синоќа.
На местото на злосторството бил пронајден пиштол со соодветни куршуми, а влезната врата била заклучена.
Полицијата наведува дека случајот може да се окарактеризира како самоубиство, со оглед на тоа што е пронајден еден мејл испратен до пријател, во кој Шчетинин пишува дека размислува за самоубиство.
Шчетинин е роден во 1962 година во Русија, а во Украина се занимаваше со интернет издаваштво и раководеше со агенцијата „Нов регион“.